Во тек се јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Општина Крива Паланка аплицираше по програмата на Агенцијата за вработување на Република Македонија, за организирање на јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животна средина.

За ангажирање на лица во оваа програма е предвидена финансиска поддршка, со вклучен персонален данок и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Општина Крива Паланка има предвидено ангажирање на 12 лица, а во моментот се ангажирани седум лица кои извршуваат јавни работи на територија на општина Крива Паланка.

Ангажираните лица во изминатите неколку дена спроведоа целосно чистење на просторот пред автобуската станица и Пакет маркет. Една група работи на чистење на каналите и пропустите кои се наоѓаат од долот Единство  кон Дреначка маала, кои беа целосно затворени и нефункционални, додека друга група започна со чистење на обрасната вегатацијата на патот и патеката позади Домот за култура  и објектот на ТППЕ .