Градоначалникот Мицевски оствари средба со командантот на Здружената оперативна команда

Во текот на денешнит ден градоначалникот Борјанчо Мицевски оствари работна средба со командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Павле Арсоски и неговите соработници од  Армијата на Република Македонија.

На средбата се разговараше за значењето на соработката помеѓу овие две институции, како и за формите и начините за продлабочувањето и унапредувањето на истата.