Крива Паланка на „Скопје травел маркет 2011“

Во организација на групацијата ЕРА –Скопски саем, од денес до 29 април ќе се одржи Првиот меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет 2011“. Оваа саемска манифестација на едно место ќе собере значителен број на субјекти во областа на туризмот од земјата и од странство. Општина Крива Паланка ќе се претстави во рамките на Североисточниот плански регион заедно со општините Куманово, Кратово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.

Големина на фонт
Контраст