Општините од Североисточниот плански регион ги усвоија приоритетните проекти за развој

Денеска во салата за состаноци на манастирскиот комплекс  Свети Јоаким Осоговски беше одржана четвртата седница на Советот на Североисточниот плански регион на која беа разгледани  проектите со кои СИПР ќе аплицира на тековните отворени повици и програми. 

На седницата присуствуваше и постојаната претставничка  на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, која ги претстави  целите за одржлив развој до 2030 година.

Беше донесена одлука општините Кратово, Ранковце и Липково да аплицираат по програмата на УНДП со проектот „Осветлување со лед светилки на пешачки патеки за жени и деца“.

Се усвои и одлука за приоритетни проекти и доставување на барање за користење на средства од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој, а  беше даден приоритет на проектот на Општина Крива Паланка на предлог и во соработка со Кумановско-Осоговска-Епархија „Санација на пат- поврзување со верски објект“, за санација на свлечиштето на стариот пат кон манастирот.

На седницате е донесена и усвоена одлука  за учество на СИПР на јавен повик за користење на средства  за развој во областа на земјоделството и руралниот развој во висина од 10 милиони денари за пристап до земјоделско земјиште.

Големина на фонт
Контраст