Последна фаза од реконструкција на регионалниот пат до с.Осиче

Во рамки на градежните активности за реконструкција и рехабилитација на регионалниот пат  Р 2245 (Крива Паланка-с. Огут) на делот од Крива Паланка до с. Осиче, денес започна последната фаза на поставување на нов слој асфалт во должина од 6.2 километри.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски изврши увид во теренските активности и динамиката на работа и на општо задоволство на сите присутни изјави дека  денес е тука меѓу граѓаните од овој регион да ја сподели радоста што овој регионален патен правец, откако е изграден пред четириесетина години, сега се реконструира и асфалтира.

Изведувач на градежните активности за реконструкција и рехабилитација на овој патен правец е ЈП Македонија пат, инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта.

Соработката со ЈП за државни патишта ќе продолжи и во наредниот период и во насока на продолжување на овој патен правец, како и санација на патиштата што се од витално значење за регионот и општината, изјави Мицевски.

Големина на фонт
Контраст