Интегриран систем за управување со отпад на Источниот и на Североисточниот плански регион

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оствари работна средба со претставници на Министеството за животна средина и просторно планирање, раководителот на секторот за управување со отпад, Ана Каранфиловска Мазнева и претставници од СИПР.

На состанокот се договорија следните чекори во насока на формирање на заедничко претпиријатие на ниво на Источниот и Североисточниот  регион, како и престојните активности и интензивирање на процесот околу имплементација на обврските врзани со регионалниот систем за управување со отпад кој сега ги опфаќа двата соседни региона.