Здружение „Хендикеп плус“: Проектот „Пристапност-наше право“ започнува во Крива Паланка

Промовирање на правото на достапност на лицата со хендикеп преку превземање конкретни активности за подигнување на јавната свест на пошироката заедница со цел прашањето на достапност да биде разбрано како право, a не како бенефиција на лицата со хендикеп е целта на проектот промовиран од страна на здружението „Хендикеп плус“ од Крива Паланка.
 
Во Локална установа градски музеј, Крива Паланка се одржа прес конференција на која Бранкица Димитровска од „Хендикеп плус“ говореше за активностите кои ќе бидат превземени во претстојнито период на територијата на цела држава.
– „Хендикеп плус“ со оваа проектна идеја доби грант од ЕУ и ќе работи во следниот период на подрачјето на Крива Паланка, Ранковце и Кратово на мапирање и обележување на непристапните институции, обележување на паркинг-места за лица со пречки во развојот, обуки на лица од општинската администрација и претпријатијата за познавање на правото на пристапност, како и останати активности со кои очекуваме да се подобри пристапноста на територијата на овие општини, како пошироката заедница да има повисок сензибилитет дека пристапноста претставува основно човеково право-не бенефиција, истакна Димитровска.
 
Според неа, очекува по имплементација на активностите општинските локални власти не само декларативно, туку и оперативно да бидат доследни на решавање на проблемите на пристапност.
-Една од обврските на државата и општините, согласно ратификуваната Конвенција за човекови права е, да се обезебди целосна пристапност и достапност, како на самата инфраструктура, така и на информациите и сервисите.  Од стратешки документи- општината нема документ со кој опфаќа прашање на пристапност, ниту има стратегија за обезбедување независен и просперитетен живот на лицата со хендикеп. Во речиси сите институции или нема пристапни рампи, или некаде се непрописно направени, а постојат поради обврска. Има лифтови во здравствениот дом, во дневниот центар, во училиштата, но истите не се сервисираат, додава Димитровска. Очекува дека од овој проект ќе произлезат предлог мерки кои ќе бидат доставени до општината за добробит на целата заедница.
 
На прес-конференцијата присуствуваше и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој рече дека локалната самоуправа е само една од институциите кои носат одговорност за случувањата на локално ниво, но од аспект на национални политики Македонија има формирано национално тело кое е задолжено за имплементација на Конвенцијата за лица со посебни потреби.
-Оваа Влада прави огромни напори за подобрување на состојбите како на национално, така и на локално ниво. Ние како општина имаме пристапна рампа, која води кон едношалтерскиот центар од каде службите ги превземаат барањата и на странката и враќаат одговор, додека дел од институциите немаат пристапни рампи, ниту соодветни лифтови за оваа намена. Се надевам дека сите ние на институционално ниво ќе направиме многу повеќе во следнито период, изјави Мицевски.
 
Со „пристапноста – наше право“ планирано е да биде направен и прашалник поврзан со идентификуваните недостатоци во политиките на општината за пристапноста, со кој ќе бидат интервјуирани 50 лица со хендикеп, ќе се остварат средби со лица од општинската администрација и ќе се развиваат политиките на локално ниво, а согласно согледаните резултати на терен планирано е да биде испечатена и публикација со истите.
 
Големина на фонт
Контраст