Продолжуваат активностите за чиста и зелена Крива Паланка

Општина Крива Паланка во соработка  со ЈП  Комуналец  со засилено темпо  ја продолжи реализацијата  на голем број на активности за расчистување, уредување и озеленување на разни простори во нашиот град. Граѓаните секојдневно ги следат овие активности,  ги подржуваат, а некои од нив даваат и нови предлози и мислења  и се вклучуваат во активностите кои се спроведуваат во близина на местото на  живеење.

Покрај косењето на тревата на парковските површини, се спроведува и косење на тревата во регулационите корита на Крива Река и Дурачка Река, покрај поголемите улици, игралишта и разни уредени и неуредени површини, потоа кастрење и кроење на вегетација и гранки покрај патот, а паралелно на одредени простори се врши и засадување на цвеќиња. Во текот на наредните недели ќе се спроведе косење на тревата и во коритата на  регулационите долови.

Исто така започнато е со вадење на несоодветната дрвенаста вегетација од регулационото корито на Крива Река  спроти повеќенаменското игралиште односно локацијата обрасната со врби која создава лоша слика при влезот и излезот од градот.

Започнато е со холтикултурно уредување на просторот  кај поранешна „стара кожара“ и пред социјалната зграда и засадување на цвеќиња во сите жардињери.

Извршено е отстранување на четири времени објекти кои го нарушуваа просторот, а во тек е постапка за отстранување на уште  четири  други времени објекти. По целосното отстранување на бараките предвидено е  уредување на просторот и околината.

Од јавни  и сообраќајни површини се отстранети 39 хаварисани и нерегистрирани  возила,  а во постапка на отстранување се уште 11 возила.  Се чистат тротоарските површини од земјен нанос, а на одредени оштетените тротоарски површини ќе се постави нов асфалт. Паралелно се спроведува и обележување на пешачките премини.

Започнато е со чистење на јавните тоалети, нивно доопремување и што поскоро ставање на истите во функција, како и соодветно обележување за местото на нивното наоѓање.

Ова се само дел од активностите за пролетното разубавување и расчистување на градот и околината кои заедно со граѓаните ги спроведуваме за чиста и зелена Крива Паланка.  

Големина на фонт
Контраст