Eднодневна екскурзија за корисниците од Дневниот центар

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски во соработка со бизнис  секторот од општината организираше еднодневна екскурзија за корисниците од Дневниот центар.
Корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална и физичка преченост во Крива Паланка имаа можност да поминат еден поинаков ден надвор од просториите каде го поминуваат своето време.
На дружењето беа присутни раководителот Добринка Давитковска и вработените од Дневниот центар, раководителот Зорица Петровска и претставници на Меѓуопштински центар за социјални работи, претставници од локалната самоуправа со градоначалникот и претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска.
-Благодарение на соработката на локалната самоуправа со бизнис заедницата лицата се дружеа и она што можеше да се забележи со сигурност се насмевките и задоволството на лицата на корисниците со што потврдија дека уживаа во екскурзивниот ден и заедничкиот ручек, докажувајќи дека  многу малку е потребно за среќа и дека задоволството и убавините се нешта кои доаѓаат од внатре и се резултат на добрината и љубовта кои човекот ги добива и пружа, истакна Мицевски.
Дневниот центар во Крива Паланка постои повеќе од две децении и е прв во државата од ваков тип. Во моментот услугите на центарот ги користат 22 корисника.