Градоначалникот организираше прием за крводарителите

По повод Меѓународниот ден на крводарителството, 17 март, градоначалникот Арсенчо Алексовски  и Општината Крива Паланка организираа  прием за крводарителите од Крива Планка и Ранковце. На приемот присуствуваа и организаторите, помагателите и подржувачи на крводарителските акции на Општинската организација на Црвениот крст.

Градоначалникот Алексовски ги поздрави крводарителите, честитајќи им го празникот и повикувајќи ги и понатаму да продолжат со својата хуманост и дарувањето крв за лицата на кои им е неопходна. Тој истакна дека големината на нивните дела е во помошта, која ја даваат на ранливото население, што ги прави пожртвувани, несебични и вредни граѓани.

Во знак на благодарност за огромната хуманост и заслуги на планот на крводарителството, градоначалникот  Алексовски му врачи посебен подарок-парична награда од 10 000 денари, на крводарителот Стојан  Асановски за 120 пати подарена крв.

За најдобар крводарител за 2010 година беше прогласен Борче Стојановски, вработен во Граничната полиција, за најдобар помагач-организатор Бранко Златановски, поради неговиот придонес во организирањето на крводарителските акции во село Трново, а за најдобра Месна самоуправа е признанието го понесе селото Герман.  За најдобра институција е прогласена Полициската станица-Општа надлежност, а посебна благодарница за повеќекратнпо натфрлување на планот доби  СОУ „Ѓорче Петров“.

Благодарници и значки беа доделени на 6 лица за 25 крводарувања, на 27 за десетто и на 20 за петто дарување на крв.

 

Во 2010 година Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка има организирано 19 крводарителски акции и собрано 782 единици крв, со што планот е релализиран со 110 отсто.

Големина на фонт
Контраст