Утврдени приоритетите на Локален совет за превенција на Крива Паланка

Одредување на приоритети за работа, креирање комплетен план на активности за безбедност и сигурност во локалната заедница беа главни поенти на денешната, прва седница на Локалне совет за превенција во Крива Паланка.

Со седницата, која се  одржа во локална установа Градски музеј , Крива Паланка заседаваше градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, а присуствуваа претставници на локалната власт, полицијата, Основен суд Крива Паланка, училиштата, гимназијата, ученички дом, меѓуопштински центар за социјални работи, Црвен крст и невладин сектор.

-Овој локален совет има за цел да ги здружи институциите на локално ниво кои посредно можат да превенираат појава на девијантно однесување кај младите, нивна заштита од алкохолизам, наркоманија, сајбер-криминал и злоупотреби, безбедност во сообраќајот и сл. Целта е да се таргетираат безбедносните проблеми и со сублимиран институционален пристап истите да се решаваат навремено, истакна Мицевски.

Според Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција при СВР , Куманово, улогата на локалните совети за превенција, формирани отпочнувајќи од 2003 година е да се надмине јазот помеѓу граѓаниет и полицијата, а советите имаат и функција на враќање на довербата помеѓу граѓаните-полицијата-институциите.

Командирот на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка ја оцени безбедносната состојба од минатата година како поволна.

-На подрачјето на општината лани се случиле 203 кривични дела, додека се бележат 90 настани на нарушување на јавниот ред и мир, а застапени во физички напади и тепачки се и малолетници, кои се забележани и во голем број угоситителски објекти каде се точи алкохол, додаде Маринковски.

На седницата беа утврдени зони на интерес, а беше формирано и  работно тело кое ќе ги реализира утврдените цели и таргетирани активности во насока на подобрување на безбедноста во училиштата.

Состанок на Локален совет за превенција на Крива Паланка