Собраниска делегација на средба со градоначалникот Мицевски

На пат во официјална посета на Парламентот на Република Бугарија, делегацијата  од  Собранието на Република Македонија за соработка со Република Бугарија  вчера оствари работна средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Потпретседателката на Собранието на РМ, Фросина Ташевска-Ременски, ја предводеше делегацијата во состав: Горан Мисовски, потпретседател на Собрание, Реџеп Исмаили, пратеник од ДУИ, Реџеп Мемеди, пратеник од БЕСА и пратеникот од Партија на пензионерите, Илија Николовски.

-На средбата разговаравме за  проекти кои тековно се реализираат во општината, за актуелните проекти, како и за можностите за унапредување на меѓународната соработка помеѓу општини од Р.Македонија и Р.Бугарија во рамки на можностите за  прекугранична соработка, изјави Ташевска -Ременски.

На работната средба градоначалникот ја истакна досегашната добра пракса на локалната самоуправа на општината на успешно реализирани проекти со пoвеќе општини од Бугарија во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, како и тековната реализација на проекти за прекугранична соработка со Косово.

Средба на градоначалникот Мицевски со собраниска делегација