Одржана прва седница на Совет на млади на Општина Крива Паланка

На ден 16.03.2018 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во просториите на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка беше одржана прва седница на членовите на новоизбраниот Совет на млади на Општина Крива Паланка – советодавно тело на Општината, кое има за цел да ги застапува интересите на младите од Општина Крива Паланка.

На првата седница, во услови на обезбеден кворум за работа на Советот беа донесени неколку заклучоци, меѓу кои:

-формирање на работна група, под координација на најстариот член на Советот на млади, која ќе има за цел во рок од 15 дена да го подготви предлог текстот на Деловникот за работа на Советот;

-обврска за најстариот член на Советот по истекот на овој рок да свика и организира седница на Советот на која истиот ќе претседава, а на која ќе биде усвоен Деловникот за работа на Советот на млади, ќе биде спроведен изборот на претседател и заменик претседател на Советот, како и избор на членови на постојаните работни групи во рамките на Советот на млади на Општина Крива Паланка и

-организирање и одржување на младински форум на кој ќе земат учество поголем број на млади и низ една траспарентна и јавна дебата ќе бидат дефинирани програмските цели на Советот на млади на кои ќе го базира изготвувањето на годишната програма за својата работа, а со цел креирање на соодветни младински политики кои ќе имаат позитивно влијание и импулс врз младите, но и врз подобрувањето на квалитетот на нивното живеење на подрачјето на самата општина.

Избрани членовите на Советот на млади на Општина Крива Паланка

 
Големина на фонт
Контраст