Градоначалникот на Босилеград од Р.Србија во работна посета на Крива Паланка

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска беше домаќин на својот колега од општина Босилеград од Р.Србија, градоначалникот Владимир Захаријев.

На средбата стана збор за можностите и перспективите за меѓусебна соработка на двете соседни општини од прекуграничниот регион, како и за иницирање на заеднички пристап кон поедноставување на процедурите за непречен премин на границата за луѓето кои потекнуваат од овој регион и кои поседуваат лични карти.

Исто така, на работната средба се разговараше и за можностите за заеднички пристап и аплицирање за средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, како и за воспоставување на соработка во полето на културата, спортот и соработката со невладиниот сектор.