Промовирана книга за „Бунтот на моторизиранито пешадиски батаљон од Кривопаланечко“

На 11 март, денот –патрон на Организацијата на резервни офицери на Македонија,  и денот на ОО на ОРОРМ, Крива Паланка, во НУ Центар за култура беше промовирана книгата „Бунтот на моторизираниот пешадиски баталјон од кривопаланечко против учеството во граѓанската војна во Југославија во 1991 година“.

Автор на книгата е професор д-р Ѓорги Малковски, претседател на ОРОРМ, а издадена по иницијатива на Веселин Стојановски, делегат во во Собранието на ОРОРМ и командант на тогашниот моторизиран баталјон.

На промоцијата присуствуваа  министерот за земјоделство, шумарство и воодстопанство, Љупчо Николовски, пратеничката во Собранието на РМ, Слаѓана Митовска, градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, претставници од АРМ и бројни гости од соседните општини.

– Во нашата понова историја на Македонија досега не е посветено внимание на еден многу значаен настан како што е бунтот на кривопаланечкито баталјон во 1991 година. Кога од припаднцииет на ОРОРМ, Крива Паланка дознав за овој настан, бев изненаден зошто досега за истиот не е покрената иницијатива за систематка и објективна разработка. Во книгата, јас пишувам врз база на веродостојни искази на живи сведоци, директни учесници во чинот, кој е значаен, не за тие кои биле учесници, туку за генерациите кои доаѓаат, за историјата и посебно за воената историја и за Армијата на РМ, оти се работело за прв бунт во сеуште постојната тогашна СФР Југославија против тогашната моќна ЈНА, рече Малковски во обраѓањето.

Книгата според научната практика, претставува извонреден материјал, зашто е пишувана од искази на директни учесници, на база на нивното субјективно доживување, рече промоторот Марјан Ивановски.

-Благодарение на пожртвуваноста, истрајноста и доследноста на сите припадници на батаљонот, бунтот успеа, под моја команда, а тогашните 721 припадник на батаљонот, не замина на воените жаришта на боиштата во Хрватска, со што беше поставен ркулецот на Армијата на Република Македонија, изјави ревервниот командант Веселин Стојановски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Бројанчо Мицевски, посочи дека историската улога на резервистите и нивното мудро „НЕ“се вистински пример за умешноста и тактичноста на воените сили во одлучувачките моменти за сопствената држава, со која се поставени основите на демократијата и сувереноста на државата.

Во оваа пригода, од страна на ОРОРМ беа доделени и благодарници на пропадниците на на резервните сили, членовите на издавачкиот одбор и поддржувачите на книгата, а настанот беше збогатен со настап на малади музичари од класата на проф. Лариса Жулина –Митовски.

Во рамки на прославата на Патрон празникот на Општинската организациона единица на резервни офицери на Крива Паланка и празникот на ОРОРМ, 11 март, претставници и делегации на ОЕ на ОРОРМ, локалната сампоуправа на Крива Паланка и делегација на ОРОРМ, ја посетија караулата на Рамна Нива, каде кривопаланечките резервисти влегоа во историјата како први македонски војници, кои ја презедоа должноста и командата на караулите Рамна Нива, Деве Баир и Коприва и кои први го кренаа македонското знаме на граничниот јарбол.