Поставена безбедносна ограда на пешачкиот мост во месноста „Крстата Падина“

Во текот на вчерашниот ден, под надзор на стручни лица од Општина Крива Паланка,  извршена е монтажа на безбедносна ограда на колско-пешачкиот мост на Крива Река во месноста викана „Крстата Падина“.

Мостот на оваа локација кој интензивно го користи локалното население, при увид на стручни лица од Општината беше констатирано дека претставува потенцијална безбедносна опасност. За таа цел,  направена е проценка и е извршена монтажа на сигурносна ограда од метални профили, соодветно анкерисани во самата конструкција на мостот, со што е отстранета опасноста од несакани последици.