Работна средба на тимовите за имплементација на проектот „Туризам без граници“

Во текот на вчерашниот ден, Општина Крива Паланка беше домаќин на тимовите за  имплементација на прекуграничниот ЕУ проект ,,Туризам без граници“. Овој проект е  финансиран од Европската унија преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Косово, и во него заеднички, како партнери, учествуваат општина Витина и општина Крива Паланка.

Овој заедничкиот проект спаѓа во групата на инвестициски проекти и предвидува изградба на пешачки патеки во двете општини, како и низа на други неинвестициски активности, кој освен што треба да придонесат за унапредување на туризамот и туристичката понуда во двете општини, исто така  треба и да дадат придонес за интензивирање и продлабочување на соработката, како на локално ниво така и помеѓу двете соседни држави, градење на заедничка европска иднина, што всушност претставува и основна цел на ИПА програмата на ЕУ.

Во рамки на работната средба, тимовите за имплементација на проектот беа примени и од страна на градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој со големо задоволство го поздрави почетокот на активностите, со надеж дека во иднина соработката со општина Витина може да се прошири и унапреди и на други полиња кои се од интерес на граѓаните од двете страни.