Амбасадорката на Украина во посета на општина Крива Паланка

Амбасадорката на Република Украина, Наталија Задорожњук денеска ја посети општина Крива Паланка. 

Средбата на градоначалникот Мицевски и на претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска со украинската амбасадорка Задорожњук беше одлична прилика за воспоставување на меѓусебно понатамошно пријателство и соработка. Во оваа прилика се разговараше и за можностите и условите за поконкретни активности, како што се можностите за помош и примена на украинските искуства во областа на гасификацијата и општо енергетиката, можноста за инвестирање во рестартирањето  на фармите во с. Пасача, а од денешната средба произлезе и понуда за збратимување со општина од Украина.

Амбасадорката Наталија  Задорожњук заблагодарувајќи се на срдечниот прием од страна на градоначалникот Мицевски  и претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, истакна дека, на Р.Украина како пријателска земја, од голема важност и е да развива соработка, не само на национално, туку и соработката на регионално и локално ниво. Во таа насока амбасадорката го истакна големиот потенцијал и погодната географска местополжба  на општина Крива Планка, што во суштина се одлични можности за идна плодна соработка и конкретни активности.

Градоначалникот Мицевски се заблагодари на конструктивната средба и изјави дека е големо задоволство да се имаат вакви пријатели со кои се трасираат патишта за инвестиции во различни области.

-На оваа средба си ветивме и дека ќе си помагаме на патот кон Евроинтеграциите, бидејќи можеби Македонија е малку подолго во процесот на преговорите, но би сакал со нашето искуство да и помогнеме на Украина, на тој пат да чекориме заедно  и по извесен период  да станеме членки на ЕУ и НАТО, додаде Мицевски.

Големина на фонт
Контраст