Оддржана работилница за зголемување на пристап до информации за лицата со попреченост

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ во соработка со Oпштина Крива Паланка, денеска оддржа обука на тема: „Достапни јавни информации за лица со попреченост“.
Учесниците беа запознаени со: Право на пристап до информации од јавен карактер според Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост; Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер во Македонија; Постапка за барање пристап до информации од јавен карактер од државните институции и општини во Македонија и надлежност на Kомисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Главна цел на проектот е да се зголеми нивото на пристап до информации за лицата со попреченост во општините и локалната јавна администрација, како и прилагодување на општинските веб-страници за лица со различни видови на попреченост. За целите на оваа обука, развиен е прирачник и видео за тоа како лицата со попреченост можат да пристапат до информации од јавен карактер.
Проектот „Достапни јавни информации за лица со попреченост” е имплементиран од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА Куманово во соработка со ТВ Плус Куманово во рамките на проектот „Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“.

 

 

Големина на фонт
Контраст