Делегација од Општина Крива Паланка положи цвеќе на бистата на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош

По повод 74 години од смртта на  народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, делегација од Општина Крива Паланка предводена од претседателот на Совет Изабела Павловска, денеска положи свежо цвеќе на бистата која се наоѓа на  ул. Херој Карпош во Крива Паланка.

Присутните со едноминутно молчење му оддадоа почит на херојот, но и на сите загинати во различни периоди од македонската историја.
 
Големина на фонт
Контраст