Градоначалникот Мицевски на средба со потенцијални инвеститори за рестартирање на кланицата

Градоначалникот на oпштина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денес оствари  средба со претставници на фирмата Џонсон и Филип ДОО и потенцијални инвеститори од Р Бугарија.

На средбата стана збор за можностите за рестарирање на кланицата, како и за инвестиции во областа на земјоделието и сточарството во општината и регионот. Активностите се во насока на спроведување на аграрните политики на Владата на Р. Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кои на земјоделците им се овозможува: поволен пристап до кредити, покривање на дел од трошоците за набавка на сточен фонд, подигање на насади и култури, како и субвенционирање на земјоделското производство. Рестартирањето на кланицата во Крива Паланка претставува само еден мал дел од можностите со кои може да се подобри социо-економската состојба во општината и индиректно да се стимулираат поддршката и развојот на дополнителни дејности.

Големина на фонт
Контраст