Градоначалникот Мицевски во официјалана посета на Врање, Р. Србија

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со делегација од Општината  на ден 31.01.2018 година оствари официјална  посета на општина Врање, Република Србија, каде што присуствуваше на Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на градот и 140  годишнината од ослободувањето на Врање.

На настанот што се одржа во Домот на војската во Врање, Мицевски се сретна со градоначалникот на општина Врање, Слободан Миленковиќ, со кого што поразговараа за перспективите и иницијативите за вмрежување на Општините од Балканот и заедничко искоритување на расположивите меѓународни фондови, со надеж дека во наредниот период соработката ќе се интензивира, а во интерес на граѓаните.

На свеченоста беа доделени признанија на најистакнатите граѓани од Врање, за нивниот придонес во унапредувањето на Врање на различни полиња и беше одржана пригодна културно- уметничка програма.

Големина на фонт
Контраст