Одржана втора работилница за развивање на методологија за распределба на буџетски средства наменети за невладиниот сектор

Во  соработка на Oпштина Крива Паланка и Центарот за одржлив развој „Алка“ од Скопје се одржа втора работилница со претставници на граѓанските организации  на тема, развивање на генерална рамка на методологија и постапка при одлучување за финасирање на предлог проектите, развивање на критериуми со систем на бодување и развивање на унифициран формат за аплицирање.

На работилницата присуствуваа голем број на претставници на граѓанските организации, како и претставници на општинската администрација, кои заеднички ги разработија сите предлози и идеи на  зададените теми, а во насока на креирање на  транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации.

Работилницата се одвиваше под менторство на г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска, АЛАКА од Скопје.

Големина на фонт
Контраст