Завршна прес конференција на проектот „СТЕПС“

Со низа активности, во  изминатите 15 месеци, создадени се нови партнерства и  креирана е мрежа за зајакнување на капацитетите, насочени кон поддршка на претприемништвото во туризмот во прекуграничниот регион Македонија-Бугарија. Идентификувани се локалните туристички ресурси, а истражувањата резултираа со дефинирање на нови и потенцијални туристички продукти, кои ќе го заживеат развојот на регионот. Истовремено, со воспоставената онлајн платформа http://steps-bgmk.eu и остварената комуникација, создадени се услови за  обуки, консултации и размена на искуства и информации помеѓу младите претприемачи и стар ап бизнисите од областа на туризмот во овој пограничен регион.

Овие се генералните резултати од проектот „СТЕПС-Поддршка на претприемништвото и популаризирање на  услугите во туризмот“, што на завршната прес конференција ги презентираше РЦС„Спектар“ од Крива Паланка, кој, заедно со Младинскиот општински совет од Ќустендил, ги реализираше проектните активности, финансиски поддржани од ИНТЕРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

-Целта на проектот е зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото помеѓу младите. Во активностите без вклучени млади лица, невработени, бизнисмени и организации од Североисточниот регион на Македонија и областа Ќустендил од Бугарија, истакна Методи Цветковски, претседател на РЦС„Спектар“.

Во рамките на проектот направена е анализа на состојбата, со предлог мерки за потребите и можностите за туристички развој во прекуграничниот регион,кои се содржани во Акциски план за поттикнување на претприемништвото.Понатаму, обучени се 40 лица за менаџерски и комуникациски вештини, маркетинг и реклама, како и започнување туристички бизнис.Издадена е и тријазична брошура во која се прикажани  реализираните активности  од проектот СТЕПС.

-Како краен резултат, што придонесува за одржливост на проектот, создадена е онлајн  платформа http://steps-bgmk.eu   за бизнис консултации на стартирачки компании и поединци во областа на туризмот помеѓу македонските и бугарските претприемачи. Проектот финишираше со формирање на мрежата „СТЕПС“ во која членуваат млади претприемачи, здруженија и институции како и со потпишување на меморандум за соработка,во насока на   размена на идеи и создавање на партнерства за спроведување на заеднички иницијативи,потенцира Цветковски.

Големина на фонт
Контраст