Делегација од општина Крива Паланка во официјална посета на општина Витина

Делегација од општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Мицевски, во периодот од 24 до 25 јануари оствари официјална посета на општина Витина по повод отпочнувањето на реализацијата на проектот „Туризам без граници“ кој се имплементира од програмата на ИПА помеѓу Р.Македонија и Р.Косово.  

Општинската делегација освен од градоначалникот на општина Витина – Сокол Халити, беше примена и од градоначалникот на Гњилане – Лутфи Хазири, која пак реализира заеднички проект со општина Куманово. Средбата беше искористена да се посети канцеларијата на Заедничкиот технички секретаријат за Косово и поголем број на културни и историски знаменитости.

Во оваа прилика се отворија и прашањата за можностите за соработка на културен, економски и спортски план. Од страна на градоначалникот Мицевски беше упатена отворена покана за возвратна посета на градоначалниците на Витина и Гњилане.