Оддржана работилница за методологија за распределба на буџет за граѓански организации

Центарот за одржлив развој „Алка“ од Скопје во соработка со општина Крива Паланка и невладиниот сектор од општината, денес  ја  оддржа првата работилница за развивање методологија за распределба на средства од општинскиот буџет.

– На работилницата која беше интерактивна, се работеше на развивање на генералната рамка на методологијата за распределба на средства од буџетот на општина Крива Паланка за поддршка на граѓански здруженија преку разгледување на приоритетите на општината за тековната година, одредување критериуми за подобност при аплицирање, процедура на техничка подготовка на повик за грантирање, како и за постапката  при  одлучување за финансирање, истакна Елизабета Ѓоргиевска од „Алка“.

Настанот е дел од проектот „Силни граѓански здруженија за позитивни социјални промени“ кој го имплементираат Фондација за развој на локалната заедница, Штип,  Центар за одржлив развој „Алка“ и Институт за развој на заедницата, а е финансиран од Европската унија.

Целта на проектот е зголемување на влијанието на локалните граѓански организации во процесите на донесување на одлуки за позитивни  промени од поширок јавен интерес  и  креирање на транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации од буџетите на локалните заедници.

 

Големина на фонт
Контраст