Доделени наградите за најубаво украсен семеен дом и деловен објект

Согласно објавениот конкурс на Општина Крива Паланка за избор на најубаво новогодишно и божиќно празнично украсување за 2018 година, Комисијата формирана од страна на градоначалникот изврши избор на најдобрите и најкреативните учесници на овогодинешниот конкурс. Според жири комисијата од локалната самоуправа, за најубаво украсен семеен дом беше избрана куќата на семејството ЈОВЕВСКИ со адреса, ул. 8-ми Октомври бр. 179,  а за најубаво украсен деловен објект беше прогласен „СЕЛЕКТ КАФЕ“ на ул.Св.Јоаким Осоговски.

Идејата за Конкурсот беше, да се стимулираат приватните домаќинства и деловните субјекти во насока на градење на една поубава и попријатна слика и празничен амбиент на градот за време на новогодишните и божиќните празници. И покрај отежнатата финансиска ситуација, граѓаните и овој пат ја покажаа својата креативност и иновативност, а ние како организатори на оваа акција го препознавме вложениот труд, време и енергија во разубавувањето на своите семејни домови и деловни објекти, а се со цел збогатување на празничниот амбиент во градот, изјави градоначалникот Мицевски.

За прв пат годинава, граѓаните на општина Крива Паланка имаа можност да гласаат по електронски пат, а се со цел целокупната постапка за избор на најубаво новогодишно и божиќно празнично украсување, биде јавна и транспарентна. Наградите кои општината ги доделува, се симболичен начин на мотивација и стимулација на сите граѓани за нивен мал придонес во разубавувањето на празничниот лик на градот.

Големина на фонт
Контраст