Активности на терен по проектот „Грижа за стари лица“ и во зимски услови

Проектот „Грижа за стари лица“ произлезен од Програмата за oпштинско корисна работа која е подржана од УНДП-Програма  за развој на  Обединетите нации, МТСП, АВРМ и носителот на проектот Општина Крива Паланка, успешно се спроведува и во зимски услови.

Мобилните тимови се сотавени од две или три ангажирани  лица кои еднаш или по потреба двапати неделно посетуваат околу 170 стари и изнемоштени лица кои живеат во руралните населби Дурачка Река, Станци, Костур, Узем, Жидилово, Конопница, Т’лминци, Длабочица и Мождивњак на територија на општина Крива Паланка.

Ангажираните лица  во наведените рурални населби во домашни услови овозможуваат дружење и комуникација со старите и изнемоштени лица, даваат морална и советодавна помош, спроведуваат превентивно здравствени активности од видот мерење на притисок, мерење на шеќер во крвта, мерење на температура, контрола на начинот на земање на лекови пропишани од матичен лекар, контрола на рокот на лековите, остваруваат и им овозможуваат комуникација со свои блиски, комуникација со институции, закажуваат термини за посети како и помагаат во обавувањето на разни домашни потреби од видот: набавка на намирници, плаќање на сметки, грижа за затоплувањето и облекувањето, приготвување на топли напитоци, помош околу хигиената низ домот, помош околу правење на ручек и многу други работи.

Во проектот е вклучено лице кое има 100% слепило, со сертификат за физиотерапевт масер, кое е  ангажирано  во пет семејства  на територија на Крива Паланка и дава услуга масажа на лица кои имаат потреба од тоа.

Големина на фонт
Контраст