Потпишан меморандум за субвенциониран превоз за студенти

Поаѓајќи од определбата на општесвена одговорност и  потребата за соработка при субвенционирањето на превоз за редовни студенти, градоначалникот на  Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски  и управителот на АДПТУТ „Пролетер“АД Крива Паланка, Стојанче Георгиевски, склучија меморандум за соработка.

Со овој Меморандум се договорија облиците и начинот на соработка, како и заедничките активности и финансиските обврски за субвенционирање на  превоз на 10 редовни студенти кои студираат на државните универзитети во  Штип и Скопје, а се жители на oпштина Крива Паланка.

Целта на потпишувањето на овој Меморандум е преку взаемна соработка, разбирање и помош, да се изврши остварување, промоција и поддршка на субвенционираниот превоз за редовните студенти од општината.