Потпишан договорот за имплементација на проектот „Туризам без граници“

На 29.12.2017 (петок) во просториите на општина Куманово беше одржана свеченост по повод  успешните апликации и потпишаните договори за почеток со имплементација на проектите аплицирани во  рамки на повикот за проектни предлози  од ИПА програмата на Европската унија, за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Косово, на кој што со заедничка проектна  апликација со наслов „Туризам без граници“,  учествуваа општина Витина- Косово како апликант и општина Крива Паланка – Македонија како коапликант.

На свеченоста, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски   заедно со својот колега од општина Витина, Сокол Халили ја примија проектната документација со што беше означен и почетокот со имплементацијата на заедничкиот проект кој спаѓа во групата на инвестициски проекти и предвидува изградба на пешачки патеки во двете општини, како и низа на други неинвестициски активности кој освен што треба да придонесат за унапредување на туризамот и туристичката понуда во двете општини, исто така  треба и да дадат придонес за интензивирање и продлабочување на соработката како на локално ниво така и помеѓу двете соседни држави, и градење на заедничка европска иднина, што всушност претставува и основна цел на ИПА програмата на ЕУ.

Проектот  „Туризам без граници“, е со вкупен буџет од 195.510,60 евра, од кои околу поливина ќе бидат искористени за реализација на проектните активности на територијата на општина Крива Паланка.

Согласно временската рамка, проектот треба да биде имплементиран во период од 18 месеци со почетен датум од почетотокот на календарската 2018, и предвидува изградба на пешачка патека – висока зона, лев брег по трасата на т.н. стара вада со должина од околу 868 метри и просечна ширина од 1,5 метри.

Освен активностите за изградба на инфраструктура, проектот предвидува и низа други активности како публикации, одржување на работилници, обуки и состаноци кои треба да придонесат за подобрување на условите за развој на туризмот на територијата на општина Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст