Награди за најуспешниот пожарникар и полициски службеник за 2017 година

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски на пригодна свеченост им ги врачи наградите на најуспешниот пожарникар и полициски службеник во општина Крива Паланка за минатата година.

Наградата за најуспешен пожарникар од кривопланечката  територијална противпожарна единица  ја доби Стојне Велиновски, а наградата за најдобар полицаец за 2017 година ја доби Горан Митровски.

– Наградите за прв пат се доделуваат годинава со интенција ваквата пракса да продолжи, со цел поттикнување на сите други службеници, стопанственици и останати работници од јавниот и приватниот сектор да бидат максимално посветени во исполнувањето на работните задачи и обврски, а општината ќе биде тука да го препознае и признае, но и да ги награди, посочи Мицевски.

Најдобриот полицаец и пожарникар добија плакета од општина Крива Паланка, благодарница и пригоден подарок.