Новогодишен прием за стопанствениците, локалните и државните институции, НВО секторот и други видни членови на општина Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски  денес  организираше новогодишен прием за членовите на бизнис заедницата, пратставниците на граѓанските здруженија и организации, претставници на државните и локалните институции, пензионерите, претставниците на медиумите  и други видни членови на нашата заедница.

Во своето пригодно обраќање, градоначалникот Мицевски на сите присутни им посака мирна и среќна 2018 година, со желби за взаемно разбирање и успешна меѓусебна  соработка во интерес на сите граѓани на на општина Крива Паланка.

– Во оваа прилика и во духот на нашите традиционални вредности, сакам од се срце да ви ја честитам  Новата година и божиќните празници и да ви посакам здравје, среќа и успех на личен и професинален план и овие празнични денови да ги поминеме во мир, заедништво, толеранција и разбирање, порача  градоначалникот.