Предновогодишна крводарителска акција спроведена во соработка на ОО Црвен крст и Oпштина Крива Паланка

На денешната крводарителска акција, во заедничка соработка на Општинската организација на Црвен крст и Локалната самоуправа на општина Крива Паланка, се обезбедија севкупно 64 единици крв.

-Ова е втора акција во декември, а е поддржана и се одржува во соработка со локалната самоуправа. Чест ни е што ваквата соработка се планира да продолжи и во иднина акцијата да прерасне во традиционална, а во знак на истата крв денес даруваа и градоначалникот, Борјанчо Мицевски и наш долгогодишен волонтер, Стефан Пешовски, посочи Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Акцијата е дел од програмските активности во екот на предновогодишните празнувања во Крива Паланка, кои освен од областа на културата се и од областа на општествено-хуманистичките дејности. Ова е последна акција за 2017 година, со која се заокружува планот за крводарувања за годинава со кој се проектирани 711 крвни единици, а истито е реализиран сосема успешно и е натфрлен над 30 отсто.

Акцијата се одржа во слата на Црвен крст, а се реализираше во координација со Институт за трансфузиона медицина, Скопје.