Градоначалникот Мицевски учествувше на завршната конференција на проектот „Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници “

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, на 21.12.2017 во ЕУ Инфо центар Скопје, учествуваше на завршната конференција  на проектот „Вмрежување и застапување на месните и урбаните заедници “ кој во изминатите две години го реализираа Центар за едукација и развој од Теарце и Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје.  На настанот и панел дискусијата  поврзана со месните и урбаните заедници воведен говор имаа министерот за локалната самоуправа, Сухејл  Фазлиу,  и Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС, преку кој се реализираше програмата на Цивика Мобилитас како донатор на активностите од проектот.  На панел дискусијата учествуваа Борјанчо Мицевски, градоначалник на Општината Крива Паланка, експертите за локалната самоуправа Ризван Сулејмани и Зоран Јачев,  Слаѓан Пенев, извршен директор на Форум ЦСИД и претставниците на Центарот за едукација и развој, Метин Муареми, извршен директор и Астрит Реџепи, проектен координатор.

Главните акценти во дискусијата беа ставени на  унапредување на процесот на децентрализација и развојот и унапредување на месната самоуправа. Беше потенцирано дека мора да се зајакнат капацитетите на месните и урбаните заедници во Република Македонија и да се зголеми  нивното влијание со вклучување на граѓаните во сите процеси на планирање во локалните самоуправи.

Во рамките на конференцијата беа презентирани истражувањата, анализите и активностите спроведени во рамки на проектот и беа споделени заклучоци поврзани со улогата на месната самоуправа, како и препораки за воспоставување поефикасни механизми за зголемување на влијанието на граѓаните во одлучување на локално ниво.

Во рамки на проектот се формирани 16 здруженија на граѓани на ниво на месните самоуправи во Македонија кои потоа се вмрежија во Сојузи на здруженија на ниво на плански региони, за на крајот да се формира и Национална мрежа за одржлив развој на заедниците која ќе денес беше и официјално промовирана, а за чиј претседател е избран Самет Абдули од с. Ростуше, во општината Маврово-Ростуша.

 

Големина на фонт
Контраст