Привршува изборот на советите на месните самоуправи во руралните подрачја

Комисијата за спроведување на избори за советите на месна самоуправа во руралните и урбаните зааедници на подрачјето на Општина Крива Паланка,  а формирана од страна на Советот на Општина Крива Паланка,  финишира со својата работа и зацртаниот план на избирање и формирање на месните самоуправи во руралните населби. За неполн месец оваа комисија успеа да организира и спроведе граѓански собири и  избори за советите на месна самоуправа во 27 рурални населби во општината.

Од  организираните граѓански собири и спроведените избори се констатира потребата од воспоставување и заживување на овој облик на месно самораководење кое има за цел да ги застапува и брани интересите на  граѓаните кои живеат во овие рурални населби, потоа да организира и спроведува разни активности за подобрување на животот и  руралнен развој  на своите населени места, нормално  во соработка со Локалната самоуправа на општината Крива Паланка.

Во текот на оваа недела предвидено е организирање на месни собири на граѓани за руралните населби Конопница, Мождивњак, Борово, Дрење, Осиче и Кошари.