Се пробива алтернативен пат во с.Костур

Од неодамнешните обилни врнежи од дожд со кои беше зафатена Општина Крива Паланка во с. Костур  беа оштетени и онеспособени за сообраќај двата постоечки пристапни  мостови. Како последица на тоа, локалното население кое живее во овој дел на општината беше оневозможено да стигне до своите домови и до градот.

Со цел санација на штетите, стручни лица од Oпштината веднаш по поплавите излегоа на терен, ги констатираа состојбите и превзедоа низа технички мерки за разрешување на истите. Покрај поправката на паднатите мостови, една од превземените мерки е и пробивање на нова заобиколна траса на алтернативен пат, покрај течението на реката во должина од околу 250 метри , со кој би се овозможил непречен пристап во случај на нова непогода, а со тоа и да се спречи можно отсекување на месното население при идно надоаѓање на Крива Река.

Работите на алтернативниот пат се во полн ек и се во завршна фаза, а со тоа, според мислењето на стручните служби, би се овозможило подолгорочно решение на овој проблем, кој речиси секоја година се повторуваше во минатото.

Големина на фонт
Контраст