ПИВТИЈАДА во организација на Општина Крива Паланка

По повод чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – ВОДИЦИ, Општина Крива Паланка ја организира манифестацијата ПИВТИЈАДА 2011. Настанот ќе се одржи на  19.01.2011 година на плоштадот во Крива Паланка со почеток во 10.00 часот, по завршување на церемонијата фрлање на крстот во водите на Крива Река.

Манифестацијата ПИВТИЈАДА 2011” ќе има и натпреварувачки карактер при што учесниците ќе се претстават со своите кулинарски способности во подготовка на пивтии.

Доделените награди ќе бидат:

-за освоено прво место 3000,00 денари

-за освоено второ место 2000,00 денари

-за освоено трето место 1000,00 денари

За сите подетални информации и пријавување на учесниците може да се обратите во просториите на Општина Крива Паланка, Одделение за ЛЕР на телефон 372-130, лице за контакт Душко Арсовски.

Големина на фонт
Контраст