Мицевски на работна средба со здруженија од прекуграничниот регион имплементатори на проекти од ИПА програмите на ЕУ

На 15.12.2017 година, градоначалникот Борјанчо Мицевски одржа работна средба со претставници од  Здружението „Регионален центар за соработка СПЕКТАР“ – Крива Паланка и Здружението „Младински општински совет“-Ќустендил од Р.Бугарија, а по повод спроведениот настан како дел од проектот „СТЕПС – Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот“,  кој се рализира во соработкапомеѓу двете здруженија.

Настанот се одржа на 15 и 16 декември 2017 година во Манастирот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка и има за цел да им овозможи на младите претприемачи да разменат идеи и да создадат нови партнерства  за реализација на заеднички иницијативи. Право на учество имаат претставници на бизнис секторот, асоцијации, НВО-а и институции и организации од областа на туризмот.

Проектот СТЕПС има основна цел зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија, преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото помеѓу младите. Водечки партнер во проектот е Здружението „Младинскио пштински совет“ од Ќустендил, Бугарија, кој што е во партнерство со Здружението „Регионален центар за соработка СПЕКТАР“ – Крива Паланка.

Градоначалникот Мицевски со големо задоволство ги поздрави ваквите иницијативи и конкретни проекти на граѓанските здруженија, а воедно ги повика на заедничка соработка со локалната самоуправа, која секогаш ќе пружа максимална поддршка, се со цел подобрување и збогатување на туристичката понуда и развојот на оддржливиот туризам во овој регион, како и зголемување на атрактивноста на кривопаланечкиот крај.