Прославен Бадник на градскиот плоштад

Ноќта, пред Христовото раѓањеБожик, кривопаланчани го прославија големиот верски празник Бадник, на Градскиот плоштад Свети Јоаким Осоговски. Со бадникови песни и ора и со палење на големиот коледарски оган се славеше  радоста, љубовта и мирот меѓу луѓето со добра волја. Бадниковиот поздрав, во рамките на црковните свечености, на кривопаланчани им го пренесе архиерејскиот намесник, протојереј ставрофор Добрислав Бошковски, а граѓаните ги поздрави и градоначалникот гн Арсенчо Алексовски.

На сите Ви посакувам многу здравје, среќа и бериќет по повод Божикните празници. Да ги славиме убавите работи и радосните вести,  рече градоначалникот Алексовски.

Тој и овогодинешниот кум Марјан Стаменковски од Еко проект го запалија големиот бадников оган на Градскиот плоштад, а потоа сите граѓани прославија заедно со славската посна трпеза и топла ракија, обезбедена од кумот.

И оваа година се делеа традиционалните лепчиња за избор на новиот кум. Од повеќето пријавени најсреќен беше Далибор Најденов, вработен како комунален редар во локалната самоуправа, на кого му се падна среќната паричка.

 

Големина на фонт
Контраст