Новогодишно дефиле на Дедо Мраз

Почитувани граѓани,

Со цел да ги израдуваме нашите најмлади сограѓани, Општина Крива Паланка организира пригодно новогодишно дефиле со Дедо Мраз низ градот.

Новогодишното дефиле ќе започне на 31.12.2010г. во 11 часот од населбата Маневци  и ќе продолжи низ населбите во општината се до 14 ч. кога дефилето  ќе пристигне на плоштадот.

Трасата по која  ќе се движи дефилето на Дедо Мраз е:

  • 11. часот/ поаѓање од Маневски Мост, населба Маневци, потоа движејќо се низ населбата Маневци доаѓа до ресторант Балкан;
  • од ресторант  Балкан   оди во Осичка Маала ( кратко дефиле во Осичка Маала) и потоа по заобиколниот пат, доаѓа до улицата Херој Карпош, потоа низ улица Македонска се качува во населба Баглак, потоа се враќа и низ улицата Херој  Карпош (населба Бавчалк) доаѓа до Куков Дол, од каде продолжува во Бегови Бавчи, од Бегови Бавчи продолжува со дефиле во с. Конопница, потоа се враќа назад и по улицата  Св. Јоаким Осоговски пристигнува во центарот (плоштад) и продолжува до  ресторант Балкан, со што и завршува новогодишното дефиле на Дедо Мраз.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Арсенчо Алексовски