Одбележан Mеѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски,  заедно со в.д. директорката на ЈУ Центар за социјални работи,  ги посетија штитениците од Одделението за дневен престој на лица со попреченост, кое работи во рамки на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Крива Паланка.

Во оваа пригода, градоначалникот Мицевски на штитениците од  дневниот центар им подари ТВ приемник, обезбеден со средства од Меѓународниот театарскит фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

– Потребно е големо внимание, топлина и вистинска и постојана грижа, затоа сите заедно да се потрудиме да им помогнеме на лицата со посебни потреби, за нивна поголема интеграција во пошироката заедница со цел тие полесно да се социјализираат и да станат независни граѓани и општествено корисни личности.

Ние како Локална самоуправа постојано се трудиме да ги информираме граѓаните за нашите активности и делокруг на работа, за нашите одлуки и чекори во надминување на проблемите и градење на општество кое ќе ги вклучува сите граѓани. Во таа насока презедовме конретни чекори за подобрување на сегашното ниво на пристапност на општинската веб страница за лица со различен вид попреченост и на тој начин сакаме да им овозможиме да го практикуваат своето право на пристап до информации од јавен карактер во локалната заедница, изјави градоначалникот Мицевски при посетата на дневниот центар. 

  

Големина на фонт
Контраст