Иницијатива за отворање на ракометна школа „Кирил Лазаров 7“ во Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски  оствари средба со претставници на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“  во врска со покренување на иницијатива за отворање на ракометна школа во Крива Паланка.

Грижата за младите преку поддршката на спортот и спортските иницијативи е една од главните теми во фокусот на вниманието на Општина Крива Паланка, преку која дирекно ќе се влијае врз градењето на здрави генерации .

Поддршката на спортот не само што се очекува да придонесе кон унапредување на условите за рекреативното спортување и создавање на култура на здраво живеење која ќе ги оттргне младите од пороците и долготрајните седења пред компјутерските монитори, туку и подразбира можност за развој на професионалните спортови и продуцирање на врвни професионални спортисти кои што ќе постигнат големи спортски успеси и ќе претставуваат гордост на општината.

Иницијативата на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ со поддршката на градоначалникот Мицевски може да даде  голем придонес кон развојот на ракометниот спорт во Крива Паланка, и негово издигнување на нивото по кое што беше препознатлива општината во минатото. 

Големина на фонт
Контраст