Работна средба со консултанти за ИПА и ИПАРД програмите на ЕУ

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски оствари работна средба со консултанти за ИПА и ИПАРД програмите на ЕУ.  Искористувањето на европските фондови е еден од главните приориотети на Општина Крива Паланка и исклучителна можност за развој на општината преку имплементација на проекти кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Крива Паланка, но исто така и значаен фактор во функција на ЕУ интеграцијата на Р.Македонија.

На работната средба детално беа разгледани можностите за учество на Општина Крива Паланка на повиците за проектни предлози во рамки на ИПА и ИПАРД програмите, како во однос на постоечките и тековни проекти и проектна документација така и во однос на нови проектни предлози.

Големина на фонт
Контраст