Прекугранична тркалезна маса на тема „Бугарско-македонските односи: приоритети, заеднички перспективи и предизвици”

На 25.11.2017 година во Ќустендил – Р.Бугарија, градоначалникот Мицевски учествуваше на прекугранична тркалезна маса на тема „Бугарско-македонските односи: приоритети, заеднички перспективи и предизвици”. Средбата меѓу локалните  власти покрај границата на Република Бугарија и Република Македонија се организиран по иницијатива на европратеникот од ЕПП/ГЕРБ  д-р Андреј Ковачев и пратеникот од Ќустендилската област Кирил Калфин. Тркалезната маса беше официјално отворена од Кирил Калфин, по што д-р Андреј Ковачев стави акцент на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, како и на изградба на Коридорот 8.

Пред присутните заменик-министерот на МРРБ Деница Николова го презентира напредокот и можностите на програмите за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Сите учесници во дискусијата ја поздравија иницијативата за формирање на Асоцијација на сите локални самоуправи од прекуграничниот регион. Една од главните идеи на средбата беше новоизбраните градоначалници од Република Македонија да се запознаат со своите колеги од Бугарија и да им бидат обезбедени информации за можностите што ги нуди Европската унија.