Градоначалникот Мицевски во обиколка на тековните градежни активности во населба Мечковци

За неполн месец од преземањето на функцијата прв човек на општината, градоначалникот Борјанчо Мицевски почна со исполнување на предизборните ветувањата и реализација на Програмата со која го освои мнозонството гласови од граѓаните. Во таа насока градоначалникот Мицевски  денеска беше во обиколка на тековните активности и нивната динамика, како и проверка на состојбата на  теренот во населба Мечковци,  каде што градежната оператива  работи на асфалтирање на дел од локален пат кој води од Крива Паланка до с. Конопница-населено место Мечковци.

При посетата на населенето место Мечковци, градоначалникот Мицевски наиде на срдечен прием кај локалното население поради брзо превземање на мерки и активности за решавање на нивните долгогодишни проблеми.

 

Големина на фонт
Контраст