Презентиран системот за аудио-тура во кривопаланечкиот музеј

Систем за аудио-тура во рамки на проектот „Слушај и научи” беше презентиран денес во Локалната установа градски музеј, Крива Паланка.

Опрема за реализација е набавена со грант од Мировниот корпус во Република Македонија, во вредност од околу  3.000 aмерикански долари.

Во соработка со основното училиште „Илинден” од Крива Паланка, на учениците им беше презентирана  можноста, без водич да ги запознаат изложбените птедмети. Аудио-турата ќе биде достапна на шест јазици: македонски, ромски, албански, турски, англиски и француски јазик. Аудио делот е реализиран во соработка со Центар за аудио-визуелни уметности од Крива Паланка, а во имплементација на проектот учествуваше и волонтерот на Мировниот корпус, Кајлл Бутчер, кој помогна  музејот да стане инклузивен.

Во рамки на прокетот ќе се изготват и насочници за движење во музејот,  дел од предметите ќе бидат тактилни и заедно со презентираната опрема ќе бидат наменети за лица со оштетен вид.

Со  проектот „Слушај и научи” ќе бидат поставени и две пристапни рампи за лица со попреченост, едната кај Градската уметничка галерија и друга кај археолошката поставка на музејот.

Проектот е поттикнат од Балканската мрежа на инклузивни музеи, чијашто членка е и ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст