Заедничка иницијатива за развој на живинарството и сточарството во руралните средини

Во текот на вчерашниот ден, во кабинетот на градоначалникот Мицевски се одржа работен состанок со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, експерти од областа на руралниот развој,  актуелниот управник на „Жито-Вардар“, сопстевникот на живинарскaта фарма, како и градоначалникот на Општина Ранковце, Ивица Тошевски.

Идејата за оваа средба е развојната компонената во делот на реактивирање на постоечките фарми, иницирање на задругарскиот принцип и кооперантски начин на функиционирање во производниот процес, како и функционално поврзување на индивидуалните земјоделци, сточари, живинари и останатите чинители во таа област.

Градоначалникот Мицевски ја поздрави оваа иницијатива и изрази благодарност до присутните за ваков тип на средби.

–  Овој состанок е добра можност да се презентираат идните политики за унапредување на меѓуресорската и  регионалната соработката во областа на земјоделскиот сектор и јас како прв човек на општината, секогаш ќе поддржувам вакви иницијативи и активности кои водат кон креирање на реална слика за потенцијалот за развој на општината и регионот. Општина Крива Паланка може да ги сервисира сите потребни информации, статистички податоци и анализи и за се што е од заеднички интерес  треба да се разговара и договара. На територијата на Крива Паланка и Ранковце има сериозна бројка на крупен добиток и  неминовно се јавува потреба овој потенцијал да се стави во функција на реална можност за егзистенција на луѓето од руралните средини, истакна градоначалникот Мицевски.

На состанокот беше потенцирана потребата од забрзување и поедноставување на постапките од страна на релевантните институции и ресорното министерство и воспоставување на комуникациски линк со општините на чија територија веќе постојат капацитети со што ќе се создадат реални можности за заживување на живинарството и  за економски развој во руралните средини.

Големина на фонт
Контраст