Словенечки инвеститори на средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, денеска оствари средба со словенечки инвеститори од областа на менаџирање на енергетски ресурси и имплементација на еколошко енергетски проекти, компанијата „ESOT-INVEST”од Целје.

Претставникот од менаџментот на оваа компанија, г. Владимир Блатник, нагласи дека компанијата „ESOT-INVEST” во својот тим ги има најискусните инженери, доктори на наука, магистри и други стручњаци од машинската, хемиската и електро струка, како и искусни менаџери и економисти.

Компанијата ,,ESOT-INVEST”се занимава со третман на индустриски отпадни води, рециклажа на сите врсти на отпадни води, системи и технологија за производство на вода за пиење, системи за подготовка на технолошка вода за повторна употреба во индустриските процеси, разладувачки системи,  котларници и топлани, финасирање и проектирање, монтажа и одржување и други активности од оваа индустриска област.

На средбата се разговараше на повеќе теми кои ќе значат понатамошна соработка и поддршка, за можностите за идните делувања, којшто се значајни и за двете страни, а во насока на подобрување на квалитетот на животот и животната средина и  подобрување на економските состојби во Општина Крива Паланка.