КУЗ„Сонце“ на средба со градоначалникот Mицевски

Претставниците на КУЗ „Сонце“, во текот на денешнот ден остварија средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

На состанокот стана збор за тековни проблеми на здружението  во однос на простор за одвивање на нивните активности, како и за структурата, начинот на досегашна работа и планирани активности на друштвото.

Градоначалникот Мицевски ги поздрави нивните досегашни постигнувања како млад културно уметнички состав, нагласувајќи дека тој ги разбира потребите и проблемите со кои граѓанските здруженија се соочуваат и во таа насока, воспоставува еден нов пристап на проактивни мерки на поддршка и меѓусебна соработка и разбирање.

Големина на фонт
Контраст