Градоначалникот Мицевски оствари средба со генералниот менаџер на фирмата „Булмак 2016“

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, оствари  средба со генералниот менаџер на фирмата „Булмак 2016“, која доби дозвола за експлоатација на олово и цинк во рудникот ,,Тораница’’. На средбата се разговараше за моменталната состојба на фирмата, нејзините идни планови и за тековните активности.

Градоначалникот Мицевски истакна дека рударството е еден од клучните сектори за економскиот развој на општината и во иднина, општината ќе даде максимална поддршка за сите идни развојни планови на компанијата, заради постигнување на ефект на поттикнување активности и во другите сектори.

Мицевски рече дека во наредниот период, општината ќе првземе  проактивни мерки и ќе се воспостават стандарди во заштита на животната средина, а од компанијата очекува да се однесува општествено одговорно, се со цел подобрување на квалитетот на живеење на локалната заедница.